Никогаш нема да постои ред во домот, доколку не се одлучите немилосрдно да ги исфрлите непотребните работи. Дури тогаш почнува вистинското уживање во домот.Ѕирнете во фиоките и полиците. Сигурно ќе пронајдете барем десетина непотребни работи. Наместо да ги чувате и да чекате конечно да помине време кога ќе ви затребаат, подобро е да ги тргнете и да создадете убав и организиран простор.
Еве една верзија од списокот на предмети кои итно треба да се исфрлат, под услов да немате некоја сјајна идеја за рециклирање:
– Минатогодишниот календар
– Празни кутии од сладолед
– Промотивен материјал кој бесплатно сте го добиле со некој оброк
– Куп списанија кои никогаш не сте ги прочитале и веројатно никогаш и нема да ги прочитате во иднина
– Истрошени пенкала и останат канцелариски материјал, кој никогаш повеќе нема да биде за употреба
– Чај со поминат рок
– Стари касети, дискови и ДВД-ња, кои не успеале да ве насмеат
– Купишта влезници за концерти, кино и останати места на кои дури и не се сеќавате дека сте биле
– Празни шишиња од вино и други пијалоци. Ако немате начин за подобро да ги искористите и да ги рециклирате, тогаш слободно фрлете ги
– Стари маици кои ви се мали или исфлекани
– Неупотребени работи од фрижидер на кои им истекол рокот
– Лекови со поминат рок
– Скршени фигурички, рамки за слики и останати ситници на кои веќе не можете да им ја пронајдете намената или се оштетени
– Лименки, пластични чаши и шишиња, за кои немате никаква идеја како да ги искористите
– Стари батерии.Ѕирнете во фиоките и полиците. Сигурно ќе пронајдете барем десетина непотребни работи. Наместо да ги чувате и да чекате конечно да помине време ког



