Покрај опцијата „unfollow“ која ни овозможи да сокриеме нечии објави без да ги избришеме од листата на пријателите, „Фејсбук“ воведе нова алатка за уредување на нашиот „News Feed“. Сите имаме многу работи кои не нервираат кaj „Фејсбук“ пријателите, без разлика дали се работи за квизови, повикувања за игри или сл.
Сега Фејсбук одлучи да се смилува и да им ја олесни работата на корисниците, контролирајќи го она кое се прикажува помеѓу нашите новости, без да избришете некој од пријателите.
Во „News Feed“ ќе видите листа на пријатели, страници и групи кои многупати сте ги виделе во минатата недела. Ќе можете да ги сортирате и многу едноставно да ги означите оние кои повеќе не сакате да ги следите.
Можете да одбирате и да ви се прикажува некоја помала објава од некој кој едноставно не ви е толку интересен, но не сакате потполно да се решите од него бидејќи понекогаш има и нешто забавно во неговите постови.Сите имаме многу работи кои не нервираат кaj „Фејсбук“ пријателите, без разлика дали се работи за квизови, повикувања за игри или сл.



