Дали навистина ви е потребен скап мобилен уред?

Размислувате да купите нов телефон и неговата цена и не е толку пресудна, но сепак се грижите дека ќе фрлите пари на нешто што нема да го користите?1. Не играте игри
Доколку е тоа вистина, тогаш и не ви е потребен скап смартфон, бидејќи тие воедно нудат и глатко играње на најновите игри.
2. Камерата ви служи за поставување слики на социјални мрежи
Не се фотографирате толку често, ниту не прикажувате видео на Full HD TV во дијагонала од 40 инчи, но и не ја барате секоја видлива пора на селфи фотографиите – тогаш и не ви е потребен скап смартфон. За вас е идеален некој телефон со камера која има фиксиран фокус, резолуција од 3 до 5 мегапискели, кој се продава по идеални цени.
3. Не ги броите пикселите на екранот
Вам приоритетот не ви е QHD резолуцијата на пет инчи или Full HD на четири? Тогаш, за вас е идеален некој квалитетен HD дисплеј (1.280 х 720 пиксели), на 4.5 или 4.7 инчи.
4. Брзиот интернет не е приоритет
Доколку преносот на податоци е некоја попатна активност поради која барате телефон, тогаш изборот може да падне и на оние телефони кои имаат пренос до 7.2, евентуално 21 Mbps. Нема потреба за купување на LTE или 43 Mbps уреди, кои обично се поскапи. Не значително, но сепак се поскапи.
5. Димензии на телефонот
Фаблетите се сега „ин“, но тие чинат. Но, ако барате телефон со кој лесно ќе управувате со една рака, тогаш заобиколете ги оние кои се поголеми од 4.5 или 4.7 инчи.
6. Немате намера да гледате филмови на телефонот
Ако сѐ уште го користите телефонот за гледање филмови, тогаш продолжете така. Ќе ви биде потребен поголем телефон за квалитетно прикажување на филмот, со добар дисплеј и висока резолуција. Тоа значајно ќе ја крене цената на телефонот.
7. Телефонот примарно ќе ви служи како – ТЕЛЕФОН
Ако ова е најважниот услов од сите – телефонот да биде добар, добро да фаќа сигнал и батеријата да трае долго во текот на долгите разговори, тогаш не избрзувајте со купување на поскапи телефони.1. Не играте игри
Доколку е тоа вистина, тогаш и не ви е потребен скап смартфон, бидејќи тие воедно нудат и глатко играње

Пронајдете не на следниве мрежи: