Познатиот француз ги надмина сите очекувања и со својот велосипед на ракетен погон достигна 333 километри на час. Неверојатно е да се гледа како Ферарито немаше шанси против него. Франсоа Гиси, човекот кој веќе со години вози мошне необични велосипеди – на ракетен погон. Во петок на југот на Франција, на стазата „Le Catallet“ одлучи да го сруши сопствениот рекорд и успеа во тоа.
Имено, неговиот велосипед на ракетен погон за само 4,8 секунди достигна брзина од 333 километри на час и далеку зад себе го остави Ферарито.
Гиси ја испробуваше исправноста на опремата, пред да го урне рекордот. Во првиот обид, тој дојде до брзина од 166 км/час, а во вториот до брзина од 260 км/час.
Тој велосипедот го создаде со пријатлеите, а гумите се од моделот „Мишелин“. Секоја од нив е тестирана на брзина од 300 км, со товар од 100 кг на време од еден час.
Франсоа Гиси, човекот кој веќе со години вози мошне необични велосипеди – на ракетен погон. Во петок на југот на Франција, на стазата „



