Хартиените пари не се направени од хартија: НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ што држите во рацете

Банкнотите кои секојдневно ги користиме и за кои мислиме дека се најобични ливчиња хартија, се многу повеќе од тоа. Притоа не мислиме на фактот дека нивната вредност е заснована на злато туку на материјалот од кој се направени.Бесконечната трка за пари е главна одлика на современиот свет. Сите сакаат да имаат новчаник полн „шушки“, сите сакаат да имаат повеќе отколку што им треба, или барем толку што за парите воопшто нема да размислувааат.
Додека стоите во ред за на каса и пребарувате по овие хартии од вредност, освен ако не сте од оние кои плаќаат со платежни картички, сигурно некогаш сте помислиле колку е неверојатно дека најобично парче хартија може да одлучи за вашата среќа или несреќа.

Имаме добра вест: Не може. Всушност можеби може, зависи каква личност сте, но не може во смисла дека тоа не е обично парче хартија.

 

Банкнотите не се прават од хартија, барем не од онаква каква што ја знаеме. Книгите, тетратките, весниците и сл. се прават од преработени листови од целулозните влакна на дрвата. Парите, од друга страна, се изработуваат од памучна или ленена хартија. Таа се прави директно од памук или од употребен текстил, или како алтернатива, од хартија настаната со преработка на волнени ткаенини.
Последицата е квалитетот и долговечноста на банкнотите и нивната способност да издржат повеќегодишно, па и повеќедецениско користење. Тајната лежи во полимерните врски помеѓу јаглеродните атоми кои постојат во специјалната хартија на банкнотите и ја прават многу поцврста од обичната. Исто така, и процесот на изработка на оваа хартија е доста сложен, а вклучува вбризгување на поливинил алкохол или желатин, со цел уште поголема издржливост.
Сега ве оставаме во мир добро да ја „испипате“ текстурата на тие пари за кои размислувате од моментот кога го видовте насловот на текстот. Бесконечната трка за пари е главна одлика на современиот свет. Сите сакаат да имаат новчаник полн „шушки“, сите сакаат да имаат повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: