10 цитати на Марк Закерберг за успешност

Ако некој има право да дели совети  за тоа како да станете успешни, тогаш тоа е човекот  со проценети  34 милијарди долари,  кој е еден од највлијателните луѓе на светот.Од својата студенстска соба го започна Фејсбук во 2004 година и го промени интернетот засекогаш, во еден момент беше најмлад жив милијардер, а денес неговото лично богатство е проценето на 34 милијарди долари. Магазинот Тајм го стави на листата на 100 највлијателни луѓе на светот, така што успехот е нешто што не може да се оспори кај Марк Закерберг.
Како да бидете успешни, што и како да работите  за да успеете во работата и животот – прочитејте ги 10-те најдобри совети на Марк, и следете ги.
1.За ризиците
Во светот кој постојано се менува, единствената стратегија која сигурно ќе пропадне е – да не ризикувате.
2. Вистинското прашање
Вистинското прашање не гласи: Што сакаме да знаеме за луѓето?, туку: Што луѓето сакаат да ни кажат за себе?
3.Почетоците на Фејсбук
Го програмирав буквално во мојата студентска соба. Плаќав за серверот 85 долари месечно, а тие ги заработував ставајќи реклами на страницата.
4.За важните работи
Верверицата која умира во вашиот двор може да ви биде порелевантна од луѓето кои умираат во Африка.
5. За иновациите
Менувај се брзо и при тоа крши работи. Доколку не кршиш, не се движиш доволно брзо.

6. Како со скептиците
Необично е, но почесто сум помеѓу луѓе кои не потценуваат. Така имаме повеќе простор да ги воодушевиме.
7.  Како вработува
Некои луѓе се многу паметни или имаат  вештини кои ни се потребни, но, доколку всушност не веруваат  во тоа што го прават, нема многу да се трудат.
8. Како е претставен во филмот
Луѓето не ги интересира како некој е прикажан на филм, па дури ни она што го велиш. Ги интересира што си направил.
9. Силициска долина
Во силициската долина добиваш впечаток дека мораш да бидеш всушност таму. Но тоа не е единственото место. Повторно да треба да почнувам, би останал во Бостон.
10. Секојдневно прашање
Секој ден си го поставувам прашањето- дали јка правам најважната работа  која можам да ја работам. Доколку немам впечаток дека работам  на најважниот проблем околу кој можам да помоигнам,  не сум задоволен како го поминувам времето.Од својата студенстска соба го започна Фејсбук во 2004 година и го промени интернетот засекогаш, во еден момент беше најмлад жив милијардер, а дене

Пронајдете не на следниве мрежи: