НОВ ВИРУС НА ФЕЈСБУК: Ако ви стигне оваа порака, ни случајно не ја отварајте

Фејсбук е најпопуларна социјална мрежа на светот, а според последното истражување тој има корисници исто колку што Кина има жители. Но, иако е најпопуларна мрежа, често е многу несигурна за користење со оглед на бројните вируси кои низ него кружат. И овие денови повторно е активен вирусот кој се шири преку пораки, односно преку chat-от.На прв поглед делува како некој од вашите пријатели да ви испратил фотографија, а всушност таа е автоматски испратена и содржи закачен zip фајл, кој кога ќе се симне на компјутерот и отвори, во себе содржи вирус. Името на фајлот е ”DSCN_xxxxx.zip”, ili “IMG_xxxxx.zip” во кој ххххх претставува некој сомнителен број. Тој со текот на времето се менува, за корисниците да ги привлече да кликнат и да се заразат.
Доколку некој од пријателите ви испрати порака со ваква содржина никако не го отварајте. Избришете го целиот раазговор, а таа личност известете ја дека профилот и е компромитиран.
Истражувачите тврдиле дека во внатрешноста на споменатиот zip фајл се наоѓа JAVA фајл, кој доколку корисникот кликне на него за да го инсталира ќе го зарази својот компјутер и автоматски ќе ја загрози сигурноста на својот Фејсбук профил. Кога ќе добие пристап до профилот на Фејсбук, тој автоматски ќе се проследи на сите останати пријатели на тој корисник и на тој начин ќе продолжи да се шири понатаму.

 

Ако случајно сте кликнале и сте го инсталирале ваквиот вирус на компјутерот, со помош на некој антивирус скенирајте го комплетниот систем за да се ослободите од него, а можеби ќе морате да го исчистите и вашиот Фејсбук профил доколку ви се појават неколку спам пораки. Споменатиот вирус ги напаѓа само Windows оперативните системи, но тоа не значи дека е паметно да се отвора и на другите како што се Android, iOS, Linux, Mac и др.
Добра вест е што Фејсбук најави дека за брзо време ќе воведе и анти-вирус софтвер кој автоматски ќе ја скенира мрежата и вашиот компјутер во потрага по вируси за да се спречи било каква штета на вашиот профил или уредот со кој пристапувате.
 На прв поглед делува како некој од вашите пријатели да ви испратил фотографија, а всушност таа е автоматски испратена и содржи закачен

Пронајдете не на следниве мрежи: