Тим научници успешно оживеаја вирус стар 700 години откриен во изметот на северноамерикански елен. Според истражувачите, благодарение на овој успех можат да се оживеат и други вируси кои можат подобро да се проучат.
Откритието покажува дека вирусот може да преживее мошне долго во студено опкружување, вели Ерик Делварт, истражувач од Институтот за проучување на крвотокот во Сан Франциско.
Неговиот тим го анализираше генетичкиот материјал на вирусот од примероци од слоеви на акумулираниот измет од елени во Канада, од кои некои делови се стари и до 4000 години.
Елените се собирале во ледените делови на тлото, како би побегнале од инсектите, а во насобраните фекалии и денес можат да се најдат делови од билките.
Научниците изолирале геном на вирусот стар 700 години и развиле нов вирус кој потоа го изложиле на листовите на една билка (Nicotiana benthamiana) . Вирусот успешно го заразил растението.
Според истражувачите, ова откритие е важно во случај на климатски промени и топење на ледот бидејќи би можело да дојде до оживување на стари вируси, а некои од нив би можеле да бидат опасни по луѓето и животните.Според истражувачите, благодарение на овој успех можат да се оживеат и други вируси кои можат подобро да се проучат.
Откритието покажува де


