Пробајте да ги решите загонетките кои ги осмислил популарниот американски математичар Мартин Гарднер. Тој е познат како еден од пионерите на таканаречената „рекреативна математика“.Мартин креирал пет загонетки кои ќе ви ги размрдаат мозочните виуги.
1.Треба да нацртате една линија – не мора да биде праволиниска за да ја поделите сликата на два идентични дела.
2. 10 црвени и 10 плави чорапи се наоѓаат во фиоката. Овие 20 чорапи се разликуваат само по бојата. Во собата е мрак, а вие сакате да спарите еден пар чорапи. Колку чорапи морате да извлечете од фиоката за да бидете сигурни дека ќе можете да спарите еден пар?
3. Имате два идентични штрафа. Доколку ги ротирате како што е покажано на сликата , во кој смер ќе се движат штрафовите?
А. Штарфовите ќе се одалечуваат еден од друг
Б. Штрафовите ќе се приближуваат еден кон друг
В. Штрафовите ќе стојат во место
4. Користејќи основна геометрија докажете дека аголот С е еднаков на збирот на Аи В.
5.Една од овие спирали е формирана само од еден коноп кој е споен на својот крај. Другата спирала е формирана од два конопа кои се споени на своите краеви.
Можете ли со голо око да препознаете која спирала е формирана со еден а која со два конопа (обидете се да ги следите линиите без молив)?
Доколку не успеавте да ги решите задачите, погледнете ги одговорите на следната страна:
Решенија:
1.Решението е едноставно
2.Три чораои. Со три чорапи секогаш ќе бидете во можност на направите пар.
3. Штрафовите нема да се поместат. Исто како да се качувате по ескалатор со иста брзина со која тој се движи надолу.
4. Нацртајте дополнителни квадрати со испрекинати линии на цртежот. На цртежот се гледа дека збирот на аглите D и А е еднаков на аголот С. Исто така, на цртежот се гледа дека аголот D е ист како аголот В. Па така А+В=С.
5. Левата спирала е формирана од еден коноп.
Мартин креирал пет загонетки кои ќе ви ги размрдаат мозочните виуги.
1.Треба да нацртате една линија – не мора да биде праволин



