Основачот на „Тесла Моторс“ и „СпејсХ“, тврди дека вештачката интелигенција е поопасна и од атомското оружје.Вештачката интелигенција е најголемата закана за човештвото – со неа ги будиме демоните, тврди Елон Маск, човекот кој го нарекуваат водечки визионер на полето на развојот на технологијата, пренесува британски Guardian.
– Мора да бидеме исклучиво претпазливи кога станува збор за вештачката интелигенција. Таа за мене е најголема закана за нашето опстојување. Со неа ги предизвикуваме демоните – изјави Маск и додаде:
– Во сите приказни во кои главниот лик се бори против демоните со пентаграм и света вода, е убеден дека може лесно да ги победи; но, сценариото не завршува секогаш така – поентираше познатиот инвеститор и иноватор.
Маск во повеќе наврати предупредуваше на опасностите кои со себе ги носи вештачката интелигенција.
Зборувајќи пред студентите на МИТ, Маск уште еднаш прозборе за својот „мастер план“ за населувањето на луѓе на Марс.
– Навистина е кул да се прати една мисија на Марс, но тоа нема да влијае на иднината на човештвото. Од голема важност е луѓето таму да воспостават самоодржлива цивилизација. Не гледам некој да работи на оваа проблематика, освен „СпејсХ“ – рече Маск, кого публиката на крај го испрати со громогласен аплауз.Вештачката интелигенција е најголемата закана за човештвото – со неа ги будиме демоните, тврди Елон Маск, човекот кој го нарекуваат водечки визионе



