Решете ја загатката и добијте 640.000 долари во злато!

Американскиот писател Џејмс Фреј понудил награда од 640.000 долари во злато за првиот читател кој прв ќе ја реши загонетката која се наоѓа во неговата книга.Овој  пистел е автор на многу популарни  романи, меѓу кои и екранизираниот „Јас усм број Четири“, а неговата најнова книга „Крај на играта: Повик“ ја пишувал во соработка со Нилсон Џонсон Шелтон, а дејствието следи  12 деца од Индија до Америка кои ги решаваат своите загонетки  за да го спасат светот од вонземјани.
Читателите на книгата ја решаваат скоро истата загонетка, која се соостои од реченица, низа броеви, образоци, дури и линкови кон сајтови кои ќе ги однесат до клучот кој го отвара сандакот  со златни кованици во Цезаровата Палата,  во  Лас Вегас .
Дури и Гугал направил апликација со помош на која читателите ќе можат да учествуваат во решавање на загатката.
„Победник може да биде било кој  на светот, буквално“, вели Фреј, кој инспирација нашол во книга која ја читал како дете, во која се трагало по златна статуа  на зајак која била сокриена некаде во Англија.
Изгледа дека читањето сепак се исплатиОвој  пистел е автор на многу популарни  романи, меѓу кои и екранизираниот „Јас усм број Четири“, а неговата најнова книга &b

Пронајдете не на следниве мрежи: