Видео: ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ – Го одбранила автомобилот од крадци!

Благодарение на брзата и одлична реакција, 59-годишната Британка успеа да си го врати, веќе украдениот „Ауди-Q3“. Ако отворите врата и за момент излезете и се оддалечите од автомобилот со вклучен мотор, му пративте покана на крадецот да влезе и да почне со својата „работа“.
Дебора Смајт од Олдам, Велика Британија, направи класична грешка кога на кратко излезе од својот автомобил „Ауди-Q3“ на еден паркинг. Беше доволно само 10 секунди за крадецот да се најде пред воланот.
Кога изгледаше дека жената ќе остане без своето возило, се случи нешто неверојатно, што веројатно го збуни и крадецот.

Таа му се спротивстави, ја отвори вратата од автомобилот и по кратката борба, при што ризикуваше да биде прегазена, успеа да го натера крадецот да се откаже и да побегне од автомобилот.
Безбедносните камери од блиската зграда го снимиле обидот за кражба и храбрата реакција на жената. 
Ако отворите врата и за момент излезете и се оддалечите од автомобилот со вклучен мотор, му пративте покана на крадецот да влезе и да почне со свој

Пронајдете не на следниве мрежи: