Бродот „Quantum of the Seas“ едвај излезе од бродоградилиштето. Долг е 341 метар и тежи 168 666 тони. До дестинацијата го влечеа два помали бродови со мотори од 9000 коњски сили. Неговиот подвиг зададе многу главоболки на инженерите и локалните власти. Имено, за да доплови до морето од германското бродоградилиште во Папенбург, мораше да помина 32 километри наназад.
Поради неговата големина, работниците морале дополнително да го ископаат дното на реката, да ги разделат мостовите и да чекаат цел месец поради брановите.
На него ќе може да се ужива во 14 барови и 18 ресторани. На покривот од крузерот е сместен и аквапарк. Постојат и келнери-роботи. Од вкупно 18 платформи, 16 се резервирани за гостите на бродот.
За тие кои ќе се одлучат за соби во внатрешноста на бродот, инженерите изградиле „виртуални тераси“, па ќе имате можност да гледате што се случува надвор.
Неговиот подвиг зададе многу главоболки на инженерите и локалните власти. Имено, за да доплови до морето од германското бродоградилиште во Папенбур



