Сигурно сте забележале дека кога нешто му кажувате на вашето куче, тоа ја накривува главата надесно или налево. Дали знаете поради што го прави тоа? Прочитајте ги следните неколку објаснувања.Се труди подобро да ве слушне
Ова е најпопуларната теорија која тврди дека кога ја накривува главата, животното се обидува точно да ги определи местото и оддалеченоста од звукот. Дури и мала промена на позицијата на главата може да им обезбеди повеќе информации.
Се обидува да ве разбере
Кога го слуша вашиот глас, миленичето се обидува да ги идентификува познатите зборови кои ги поврзува со награда, како што се шетањето или десерт.
Мускулите на средното уво кај кучињата се поврзани со делот од мозокот кој е одговорен за изразите на лицето и движењето на главата. Тоа би значело дека кога ќе ја накриви главата, кучето се обидува да комуницира со вас.
Сте ги научиле да прават така
Неговото накривување на главата сопствениците често го проследуваат со позитивна вокална реакција, а често и со награда. Таквата реакција го поттикнува кучето почесто да ја повторува.
Сакаат подобро да го видат вашето лице
Во настојувањето да не` разберат, кучињата не ги користат само нашите зборови, туку и изразите на лицето, говорот на телото и движењата на очите. Тие ја накривуваат главата за да можат подобро да не` видат.
Ова посебно го прават расите со подолга муцка. Тоа го потврдува и едно истражување. Од 582 учесници, 71% од нив имале кучиња со истакнати муцки.Се труди подобро да ве слушне
Ова е најпопуларната теорија која тврди дека кога ја накривува главата, животното се обидува



