„Call of Duty“ како приемен испит за работа во Пентагон!

Индустријата со видео игри има направено милијарди долари, некои од легендарните автори денес се занимаваат со лансирање на ракети и летови во вселената, но Дејв Ентони, човекот кој ја создаде популарната „Call of Duty“, ќе стане еден од советниците во Пентагон.  „Тинк Тенк“ од вашингтонскиот „Атлантски совет“ оцени дека и покрај огромниот буџет и ресурси кои се посветени во тој сектор, САД не размислуваа „доволно креативно“ за иднината на војувањата.
Затоа таа организација веќе ангажираше бројни автори, писатели и личности од забавната индустрија на проектот „Уметност на војувањата во иднина“.
Идејата е на поранешниот службеник во Пентагон, Стивен Грандмен, кој гледајќи како неговиот син игра „Call of Duty: Black Ops II“ се воодушевил колку е реално прикажана студената војна меѓу Кина и САД во 2025 година.
Дејв Ентони вика дека играта е резултат на процес на мисии, во која, освен тој, учествувале и сценаристите на „Бетмен“ Дејвид Гојер и Оливие Норт, поранешен маринец и позната телевизиска личност во САД.

„Кога толку различни луѓе седевме во една соба, сите перспективи се вкрстија. Таа комбинација е фацинантна и баш тоа сакаме да го донесеме во Вашингтон“, вели Гојер.
И Ентони верува дека вистинскиот Пентагон може многу да научи од својот „виртуален двојник“.
„Целта на проектот е да владата почне со размислување за новите опасности. Луѓето кои носат одлуки по прашањето за националната безбедност можат да искориста нов глас. Писатели, режисери, продуценти и други уметници носат опсервации кои поттикнуваат од потполно различни искуства“ – соопшти „Атлантскиот совет“.
Проектот официјално ќе започне следната недела, кога на официјалните лица ќе им бидат изнесени неколку идеи. „Тинк Тенк“ од вашингтонскиот „Атлантски совет“ оцени дека и покрај огромниот буџет и рес

Пронајдете не на следниве мрежи: