ДОЗНАЈТЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ: Што говорат брадата и мустаќите за мажот?!

Можно е да се дознае нешто повеќе за мажите набљудувајќи ги само нивните бради и мустаќи, вели лекарот Ален Петеркин, кој има напишано три книги токму за овие „машки модни детали“.Петеркин бил и во жири на Светскиот натпревар на бради и мустаќи, а работи како амбасадор на брендот Доув за машка нега, пишува „Yahoo Shine“.
Голобрадост
Петркин верува дека трендовите на бради и мустаќи се менуваат отприлика на секои 20 години и дека целосно избричнената брада наскоро ќе се врати како мода. Она што мажот го кажува со целосно избричено лице е дека не сака да се издвојува и дека сака класичен изглед.
Дводневна брада
Ова моментално е најпопуларна форма на бради и мустаци затоа што не е ниту права брада, ниту ги присилува мажите да се бричат секое утро, а изгледа добро на сите лица. Но, иако можеби не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Таквата брада и мустаќи зборува дека мажот е во чекор со модата.

 
Мустаќи
Самите мустаќи никогаш не биле идеален машки стил. Во 70-тите мустаќите без брада начесто можеле да се видат во порнографските филмови. Како и да е, мустаќите се израз на бунтовност и јасно кажуваат дека на мажот кој ги носи не му е важно што другите мислат за него.
Густа одржувана брада
Се додека брадата редновно се одржува изгледа добро на сите мажи. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од својот идентитет. Силната брада се толкува како знак на мажевност, а мажите кои ја носат се полни со тивка самодоверба кои не сакаат да се прават важни.
Дива брада
Овие денови дивата неодржувана брада и мустаќи можат да се видат на студенти и славни личнсоти. Во прашање е изразениот тестостерон на дело, а правилоте – што повеќе, тоа подобро. Дивата брада е израз на слобода и бунтовност.
Што говори ЉУБОВНИОТ ТЕПИХ за мажите прочитајте ТУКАПетеркин бил и во жири на Светскиот натпревар на бради и мустаќи, а работи како амбасадор на брендот Доув за машка нега, пишува „Yahoo Shine&

Пронајдете не на следниве мрежи: