Синтетички создаден лист ќе произведува кислород во вселената!

Еден од најголемите предизвици за вселенските мисии е недостатокот на доволно кислород. На Земјата луѓето дишат благодарение на растенијата кои го апсорбираат  јаглерод диоксидот и ослободуваат кислород. Но, како да внесуваме кислород при патувањата во вселената?Решение за проблемот нуди еден дизајнер од Велика Британија, кој има развиено лист кој ќе овозможува вештачко дишење, објави „Дискавери”.
Џулијан Мелхиори од Кралскиот колеџ создал „биолошки и функционален” синтетички лист од свилен протеин, кој исто како вистинските листови апсорбира јаглерод диоксид, вода и светлина, а испушта кислород.
Листот се состои од хлоропласти – структури во растителните клетки, кои се одговорни за фотосинтеза.

Дизајнерот го дефинира „Силки Лиф“ како лесен и лесно пренослив фабрика за кислород во вселената. Она што му е потребно за да функционира се светлина и малку вода. Според пронаоѓачот, вештачкиот лист може да најде примена и на Земјата.
Големи слоеви од истиот материјал можат да се користат како тапети или како обвивки на згради, кои можат да обезбедат чист воздух.Решение за проблемот нуди еден дизајнер од Велика Британија, кој има развиено лист кој ќе овозможува вештачко дишење, објави „Дискавери”.

Пронајдете не на следниве мрежи: