Видео: Ова е најголемиот турбан на светот!

Овој украс за на глава со екстра големина е тежок 45 килограми, а долг 645 метри кога ќе се одмота. Должината на ткаенината сеуште не е официјално потврдена, но ако е точна, ќе го собори досегашниот Гинисов рекорд. Запознајте го побожниот Автра Синг Ман, припадник на религијата Сик,  гордиот сопственик на најголемиот турбан во светот.
60- годишниот човек во претходните 16 години постепено додавал материјал на турбанот и сега му се потребни 6 часа за да го одмота.

“Не го чувствувам како напор, среќен сум кога го носам. Кога го немам на себе, се чувствувам некако неисполнета, како дел од мене да недостасува. Се плашам дека некогаш може да ми падне” – изјави тој.
Повеќето други верници на Сик, носат турбани со должина од 5 до 7 метри.
Покрај турбанот, тој носи и меч и тешки ракавици, кои имаат 39 килограми. Поради висината и тежината на турбанот, тешко дека може да влезе во автомобил, па затоа си се вози со својот мотор низ улиците на Панџаб. 
Во следното видео, самите уверете се во големината на неговиот турбан: 
Запознајте го побожниот Автра Синг Ман, припадник на религијата Сик,  гордиот сопственик на најголемиот турбан во светот.
60- годишнио

Пронајдете не на следниве мрежи: