Авионите од иднината ќе бидат обложени со имитација на човечка кожа!

Оваа технологија моментално ја развива британската компанија ВАЕ Systems, која има намера да ја имплементира на воените авиони.Авионите, автомобилите и бродовите ќе бидат заштитени со „паметна кожа“, која би можела да ги „почувствува“ оштетувањата и прегревањата како човечката кожа.
Технологијата се базира на десетици илјади микро сензори со кои авионите ќе бидат обложени, а тие сензори би можеле да ја мерат брзината на ветерот, температурата и движењата со цел брзо да се откријат потенцијалните проблеми со авионите. Сензорите ќе бидат со големина на честици од прашина и ќе имаат сопствени извори за напојување, а на авионите би можеле да се нанесуваат како боја, пренесе ВВС.
Со овој изум би можеле да се спречат бројните сообраќајни несреќи и со самото тоа да се спасат бројни животи.Авионите, автомобилите и бродовите ќе бидат заштитени со „паметна кожа“, која би можела да ги „почувствува“ оштетувањата и

Пронајдете не на следниве мрежи: