Најмладата милијардерка на светот која парите ги заработила со свој труд!

Елизабет Холмс има 30 години, таа е паметна, убава сама и богата.Во 2003 година на 19 годишна возраст Елизабет го напуштила Стенфорд Универзитетот каде студирала хемија, за да ја основа својата компанија – која се состои од лаборатории за анализа на крв под називот -Тheranos. Парите кои требало да ги потроши на студирање ги пренаменила за бизнисот кој сега вработува 500 луѓе.Се проценува дека нејзината фирма денеска вреди 9 милијарди долари, а Елизабет која е сопственик на 50% од акциите на компанијата, вредноста на нејзиниот дел е над 4,5 милијарди долари. Разликата меѓу Тheranos и другите лаборатории е што во лабораториите на оваа компанија (вкупно ги има 21) од само една капка крв се прават до 70 анализи, нешто што претходно никому не му успеало. Богатството на Елизабет се должи на нејзината идеја и фокусираност.
Со ниските цени и брзата и квалитетна услуга, Тheranos стана опасна конкуренција на сите американски водечки лаборатории. Taa почнала од идејата да направи нешто добро, да ја направи анализата на крвта полесна и поефтина за луѓето, а со тоа и шансите за нивното здравје да бидат поголеми – пишува USA today. – Татко ми постојано беше вклучен во акции за помош на луѓе кои претрпуваат некаква болка. Кога јас помислив како да помогнам на луѓето во целост, се сетив дека многумина ги изгубиле своите блиски бидејќи не им биле детектирани болестите на време или точно. Си реков – тука можам да одиграм улога…

– Не сакам постепено да ја менувам технологијата, туку создавам сосема нова технологија која ќе му помогне на човештвото во целост без оглед на тоа кој каде живее и без оглед на расните разлики- рече Елизабет на почетокот од својата кариера. – Уште како многу млада увидов дека ако сакате нешто да постигнете мора да се свртите кон приватен бизнис бидејќи само на тој начин може да направите промена во светот – вели Елизабет. Но, нејзиниот успех не дошол одеднаш. Таа 10 години се подготвувала за она што се случува сега – со нејзиниот тим работеле на аналитички систен, на изнаоѓање начин да се извршат сите анализи на многу мало количество крв. – Моравме да изградиме инфраструктура, софтвер и автоматизација, за да го минимизираме вклучувањето на луѓе бидејќи грешките при рачната работа може да бидат чести. Тоа е софтвер, хардвер и хемија. Нема кус пат – вели Елизабет.
На прашањето што е нејзината цел, таа одговара:- Многу често гледаме луѓе кои ќе скршат коска и дури тогаш откриваат дека имаат тумор. Денеска, анализите на крвта и науката се во состојба да предвидат дали ќе дојде до проблем, луѓето може да добијат одговор на прашањето – кон што се движам, што можам да очекувам…
Извор:USA todayПарите кои требало да ги потроши на студирање ги пренаменила за бизнисот кој сега вработува 500 луѓе.Се проценува дека нејзината фирма денеска вред

Пронајдете не на следниве мрежи: