Седум трикови со кои вашето дете ќе стекне правилни навики во исхраната!

Доручекот е најважниот оброк во денот, кој ја дава потребната енергија и хранливите материи за стартување на денот. Истражувањата покажале дека редовниот доручек има позитивен ефект при одржувањето на тежината, ја подобрува концентрацијата, а треба да содржи 30% од вкупниот дневен енергетски внес.Ова се советите со кои Вашето дете полесно ќе почне да ги усвојува здравите навики кои ќе му бидат потребни во текот на целиот живот.
1. Бирајте поздрави грицки
Пожелно е да има пет оброци, три главни и два меѓуоброка. За меѓуоброк се препорачува свежо или суво овошје, јогурт, јаткасти плодови. Гледајте да ги избегнувате стандардните грицки и слатките. Добри грицки се пуканките. Внимавајте порциите да бидат со големина на дланката на детето.
2. Многу вода
Хидратацијата на организмот е многу важна.
3. Јадете заедно
Родителите се главен фактор во развојот на правилните прехранбени навики кај децата. Децата се огледуваат на родителите и го копираат нивното однесување. Истражувањата покажале дека заедничките семејни оброци поволно влијаат на децата, бидејќи создаваат чувство на среќа и задоволство, развиваат чувство на заедништво кај децата и со самото тоа се развиваат позитивните навики кај нив.

4. Забавувајте се во кујната
Студијата на компанијата „Нестле“, покажала дека децата кои помагаат во подготовката на оброкот јадат значително повеќе зеленчук од оние кои не го прават тоа. Вклучете ги децата во подготовката на храната и на тој начин кај нив ќе се развијат позитивни чувства кога станува збор за храната. Пуштете музика, ставете му на детето престилка и дајте му едноставна, но наизглед одговорна задача.
5. Забавете
Познато е дека на стомакот му се потребни 20 минути за да му испрати сигнал на мозокот дека е сит. Нека секој ваш заеднички оброк со детето биде убаво дружење. Јадете бавно и џвакајте правилно, бидејќи тоа е многу важно за контрола на телесната тежина на било која возраст.
6. Бидете креативни
Правилната исхрана не значи нужно дека е досадна исхрана. Понудете им на своите деца шарена ужина, составена од различни видови на овошје и зеленчук, а можете и да ги исецкате во интересни облици за да го направите јадењето да изгледа примамливо.
7. Научете ги да застанат
Иако децата се родени со способноста да престанат кога се сити, често може да биде тешко за родителите да определат дали нивното дете доволно изело. Не ги терајте децата да мораат да изедат буквално сѐ што се наоѓа на тањирот. Децата знаат кога им е доста.Ова се советите со кои Вашето дете полесно ќе почне да ги усвојува здравите навики кои ќе му бидат потребни во текот на целиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: