Руски хакери украле 1, 2 милијарди лозинки

Група руски информатички хакери пробила на интернет околу 1,2 милијарди кориснички имиња и лозинки, и успеала да собере околу 500 милиони електронски адреси, пишува The New York Тimes, истакнувајќи дека станува збор за досега најголемата позната збирка украдени интернет податоци.Руските хакери корисничките имиња и лозинки ги украле од околу 420 илјади интернет страници на големи и помали компании, пишува весникот, кој ги добил информациите од истражувач на компанијата за информатичка безбедност „Hold Security“.

„Нивна цел не се само американските компании, туку сите интернет страници кои можеле да ги пронајдат, од попознатите компании на списокот е „Fortune 500’“, а има и помали. Повеќето од тие страници сé уште не функционираат добро“, изјави за весникот Алекс Холден, основач на „Hold Security“ чиешто седиште е во Милвоки.
Како што пишува уште The New York Тimes, станува збор за упад можеби најголем во историјата, којшто го извела група од десетина хакери на возраст од 20 години коишто меѓусебно се познаваат лично. Се претпоставува дека нивните сервери се базирани во Русија, во областите меѓу Казахстан и Монголија.Руските хакери корисничките имиња и лозинки ги украле од околу 420 илјади интернет страници на големи и помали компании, пишува весникот, кој ги до

Пронајдете не на следниве мрежи: