МАПА: 100 години од промените во Европа!

Во 1914 година започнаа да се шират многу тензии ширум Европа. Отоманската Империја и Австро-Унгарија започнаа да формираат алијанси со други земји, со цел да ја задржат доминацијата врз освоените територии.Но, сето тоа се смени по атентатот кој беше извршен над Франц фердинанд и неговата сопруга, што беше и повод за започнување на Првата светска војна. По крајот на војната, мапата на Европа изгледаше поинаку. Царствата се распаднаа и нови земји се имаат оформено. Војната беше почетокот за наредните прекројувања на мапата на Европа.
Првата светска војна
Земјите што се бореа во Првата светска војна се поделија на две страни: Русија, Франција, Белгија и Велика Британија беа меѓу земјите кои се бореа на страната на Србија. Тие беа Сојузниците. Спроти нив беа Централните Сили: Германија, Австро-Унгарија, Отоманската Империја и Бугарија. Шпанија и Швајцарија беа неутрални.

Нови нации
Лицето на Европа се смени неколку години подоцна. Дојде до распаѓање на четири царства: Царството Русија во 1917, Германија и Австро-Унгарија една година подоцна и Отоманската Империја во 1922 година. Како последица од тоа дојде до формирање на нови земји: Австрија, Чехословачка, Финска, Унгарија, Југославија и Балтичките земји. Полска, која беше под власта на три земји, успеа да се оформи како земја. Дојде до проширување на териториите на Грција и Италија. Германија отстапи дел од територијата за други земји. Русија и Австро-Унгарија им дадоа територија на Романија и Полска. Дел од земјите од Отоманската Империја сега беа контролирани од страна на Британија и Франција. Од останатиот дел дојде до оформување на Турција.

Европа пред прагот на нови поделби
Во 30-те години на минатиот век, Германија доби нов водач. Тоа беше Хитлер. Адолф Хитлер реши да ја зајакне германската војска и да креира нов поредок, обединувајќи ги етничките Германци и создавајќи водечка сила во Европа. Во 1936 година, тој испрати германски војници во Западна Германија, што доведе до негодување од страна на Франција и Британија. Две години подоцна, германските трупи влегоа на територијата на Австрија. Полека се оформуваа облаците на војната.

Втора светска војна
Велика Британија и Франција и дозволија на Германија да ја преземе контролата над Австрија и дел од Чехословачка, мислејќи дека Хитлер ќе застане тука. Но, кога Германија ја нападна Полска на 1 септември 1939 година, Британија и Франција тоа го протолкуваа како знак за војна. Две години подоцна, тие и објавија војна на Германија. Италија и Јапонија и се придружија на Германија како главни сили на Оската. Нивна спротивност беа Британија, Франција, подоцна Советскиот Сојуз и САД.

Поделба на Европа по Втората светска војна
Полека доаѓа до нетрпеливост помеѓу земјите од Западна Европа и Советскиот Сојуз. Премиерот на Велика Британија, Винстон Черчил, за Советската експанзија рече дека е како „железна завеса“ која е поставена на средината на Европа. Западноевропските земји пројавија интерес за меѓусебна соработка за отстранување на оваа закана.

Распад на Советскиот Сојуз
Уште од 1948 година, Советскиот Сојуз со сите можни сили се бореше за зачувување на границите на Источна Европа. Но, во 1985 година на власт доаѓа Михаил Горбачов кој сакаше да изврши реформи во владата. Кога економијата не покажа раст и подобрување, источноевропските земји бараа независност. Така доаѓа до распаѓање на Советскиот Сојуз и оформување на 15 држави во 1991 година.
Распадот на Советскиот Сојуз предизвика зајакнување кај земјите од Западна Европа. Сојузништвото кое се има оформено во 1957 од 6 земји, прерасна во партнерство од 12 земји-членки на ЕУ.

Проширување на унијата
Во последните 10 години доаѓа до проширување на ЕУ во деловите од Источна Европа. Членките на ЕУ кои некогаш се бореле едни против други за време на двете светски војни, денес уживаат во меѓусебната соработка. Сега има 28 земји-членки.
Но, се случи ново прекројување. Сега сме сведоци на припојувањето на Крим кон Русија, кое се случи како последица на референдумот на кој мнозинскиот дел од населението се одлучи дека бараат независност на Крим и негово припојување кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го прифати припојувањето на Крим кон Русија, со што дојде до зголемување на нејзината територија. Моментално се води војна во другите делови од Источна Украина, за кои се очекува нивниот исход.Но, сето тоа се смени по атентатот кој беше извршен над Франц фердинанд и неговата сопруга, што беше и повод за започнување на Првата светска војна

Пронајдете не на следниве мрежи: