Брзината на светлината е пресметана погрешно?!

Физичарот Џејмс Френсон од Универзитетот Мериленд го привлече вниманието на научната јавност со овјавениот текст во весникот „New Journal Physics“ во кој тврди дека пронашол докази дека брзината на светлината е поспора отколку што мислиме.Теоријата на генералната релативност вели дека светлината патува со констатирана брзина која изнесува 299,792,458 метри по секунда во вакум.
Се работи за чуената „с“ во Ајнштајновата единица на самиот крај, и буквално се што се мери во космосот е базирано на неа – накратко, прилично е важна. Но што ако не точна?
Аргументите на Френсон се базирани врз набљудувањата на суперновата SN 1987A која експлодирала во фебруари 1987 година.
Мерењата на Земјата го собрале доаѓањето на фотоните и неутроните од експлозијата, но тука постоел еден проблем – доаѓањето на фотоните траело подолго од очекуваното – 4.7 часа подолго, пишува порталот „Phys.org“.
Нучниците во тоа време мислеле дека се работи за протони од друг извор, но што ако работите не се такви како што се преставени, се прашива Френсон. Што ако светлината се успорува во текот на патувањето поради својството на фотонот кое е познато како „вакумска поларизација“ – каде фотонот се дели на позитрон и електерон на краток момент пред да се врати во својата првобитна состојба.

Доколку оваа теорија излезе дека е точна, скоро секое мерење до кое сме дошле и сме го користеле со теорија на универзумот, ќе биде погрешно.
На пример, светлината од сонцето , би патувала до нас подолго отколку што сме мислеле, а светлината која доаѓа од оддалечените објекти, како што е Месие 81, галаксија одалечена 12 милиони светлосни години од Земјата, би стигала значително покасно отколку што е сега пресметано – две недели подоцна.
Доколку сево ова е точно – одалелеченоста повторно би морала да пресметува а теориите создадени за тоа како би се опишало сето набљудувано, да бидат отфрлени.
Во одредени случаи астрофизичарите би морале да почнат одново.Теоријата на генералната релативност вели дека светлината патува со констатирана брзина која изнесува 299,792,458 метри по секунда во вакум.

Пронајдете не на следниве мрежи: