Забрането бакнување: Еве во кои земји треба да внимавате каде и колку се бакнувате

Бакнежот е гест на искажување љубов и многу други убави чувства за некого. Постои откога постои и човештвото. Дури и животните си имаат свои начини на бакнување. Сепак, во одредени земји и општества овој сладок гест се ограничува, или пак потполно се забранува.Во Франција постои закон од 1910 година кој забранува бакнување на перон на железничка станица, како би се спречило доцнењето на возовите.
Во САД постојат неколку луди правила за бакнувањето. На пример, во Колорадо мажот не смее да ја бакнува жената додека спие, а во Конектикат никој не смее да се бакнува во недела, бидејќи тој ден е резервиран за духовното.
Во Ајова бакнежот не смее да трае подолго од 5 минути, во Роуд Ајленд не смее да надмине 3, додека рекордери се во Мериленд, каде бакнежот во јавност е ограничен на само една секунда. На универзитетот во Оксфорд, Британија, е дозволено бакнување само во зоната определена за тоа.

 
Во Истанбул еден пар туристи во ресторан биле замолени да седат еден спроти друг, а не еден покрај друг. Јавниот бакнеж во повнатрешните територии на Турција може да ви предизвика проблеми. Во ОАЕ пак, јавниот бакнеж е потполно забранет за сите луѓе, било тоа да се тамошни жители или туристи.
Во Дубаи покрај бакнувањето, како неморални чинови се сметаат и прегрнувањето, држењето за рака, танцувањето и гласната музика. Исто така, иако на тоалетот стои ознака за двата пола, не значи дека двајца заедно треба да влезат таму.
И Малезија и Тајланд имаат слични закони, но таму на туристите „им се гледа низ прсти“. Во Јапонија бакнувањето на јавно место е забрането, бидејќи истото се смета за сексуална предигра, што е исто така забрането на јавно место.
Во Индија искажувањето чувства на јавно место е дозволено само при снимање на филм, и тоа само на најголемите ѕвезди.Во Франција постои закон од 1910 година кој забранува бакнување на перон на железничка станица, како би се спречило доцнењето на возовите.

Пронајдете не на следниве мрежи: