Маса: Кој и да го освои трофејот ќе биде заслужено, Фетел и Алонсо се неверојатно добри

Фелипе Маса во одлично расположение ја дочекува големата награда на „Абу Даби“, вели дека кој и да го освои трофејот во светското Ф1 првенство ќе биде и повеќе од заслужено.

„Мислам дека и двајцата си ја завршија работата онака како што се очекуваше од нив, возат одлично. Себастијан беше посебно добар во вториот дел од сезоната. Кој и да е од нив двајца, тоа ќе биде заслужено, се надевам дека Алонсо ќе слави“ изјави Маса.

Пронајдете не на следниве мрежи: