Од Вили до Фулеко: Ова се маскотите од досегашните Светски првенства!

Една од работите кои се дел од секое планетарно првенство во фудбал се маскотите, а оваа традиција започна уште од 1966 година, со лавот Вили. Денес ќе ве потсетиме какви беа маскотите од земјите домаќини, од Англија до Бразил.Првото светско првенство кое имаше маскота, беше она во Англија во 1966 година. Маскотите секогаш претставувале спој помеѓу културата, традиционалните вредности, како и поедини заштитни знаци на земјите домаќини.
Маскотата на Светското првенство на Островот бил Вили, добродушен лав кој е симбол на Обединетото кралство и англиската репрезентација. Вили на себе имаше дрес во боите на Велика Британија.

Четири години подоцна, во Мексико го запознавме Хуанито. Хуанито беше момче облечено во зелен дрес со натпис „Мексико 70“, со сомбреро на главата, а името му претставуваше деминутив на едно од најчестите машки имиња во оваа земја.

Западна Германија во 1974 година им беше домаќин на најдобрите светски селекции, а ФИФА одлучи маскотата да биде не едно, туку две момчиња – Тип и Тап. Двајцата на себе носеа бели маички на кои на германски јазик беше напишано „ЅР 74“, но немаше никакви симболи ниту од Западна, ниту од Источна Германија.
Гушнатите момчиња претставуваа единство, хармонија и фер игра, а многумина ова го протолкуваа како симбол на идното обединување на двете Германии, кои се случи 16 години подоцна.

Традицијата со бирање на момчиња како маскоти продолжи и во Аргентина во 1978 година, а овојпат тоа беше Гаучито. Името го доби по гаучосите, каков што е и денес прекарот на фудбалерите, но и на жителите на оваа јужноамериканска држава. Мелачкото момче беше облечено во опрема на аргентинската репрезентација, со шешир и камшик во раката, како заштитни знаци на гаучосите. Ова воедно беше и последен пат човечки лик да биде маскота на Светското првенство.

Шпанија во 1982 година го претстави Наранхито – портокалот кој е еден од најпознатите производи што пристигнуваат од оваа земја. Наранхито е една од најпопуларните маскоти од Мундијалот, а во Шпанија дури имаше и цртан филм што му беше посветен на него: „Фудбал во акција“.

Мексико во 1986 година, се одлучија за Пике. Пике беше во облик на халапењо бибер, еден од лутите зачини на мексиканската национална кујна. На себе имаше црвен дрес и бел шорц, кој заедно со зелената боја на неговото тело ги претставуваше боите на мексиканското знаме. Секако, неизоставен дел беше и сомбрерото.

Светското првенство во Италија во 1990 година, донесе голема промена. Маскотата за првпат немаше личност, ниту било каков лик, туку беше фигура од стапчиња со бои на италијанското знаме, кои имаа фудбалска топка наместо глава. Името и беше Чао, според познатиот италијански поздрав. Доколку внимателно се погледне, стапчињата се распоредени на тој начин, што со нив е испишан зборот „Италија“.

За Мундијалот во САД, филмската компанија „Ворнер Брадерс“ ја направи маскотата Страјкер – куче што игра фудбал. Тоа беше втор пат некој животински лик да биде искористен, а одлучено е тоа биде куче кое на себе имаше опрема во боите на американското знаме. Ова е последен пат маскотата покрај себе да ја има познатата „бубамара“.

Во Франција во 1998 година, го запознавме Футикс – галски петел со традиционален симбол на државата домаќин, кој се наоѓа и на грбот на Францускиот фудбалски сојуз. Името му е направено од првите букви од зборот фудбал и наставката -икс, на која завршувале имињата на Галите.

Првото Светско првенство кое беше одржано во две земји (Јапонија и Јужна Кореја), беше единствено кога станува збор за маскотите. Футуристичките личности Ато (портокалов), Каз (виолетов) и Ник (син), заедно се викаа Сферикс, а имињата им ги дадоа навивачите од двете земји домаќини.

Германија во 2006 година по втор пат беше домаќин на Мундијалот, а како своја маскота го одбра лавот Голео. Но, тоа не беше обичен лав, туку во човечка големина и од плиш, кој се движеше со помош на човек кој го облекуваше костимот. Голео на себе го носеше дресот на Германија и копачки, а покрај него беше и Пил, фудбалска топка која зборува и знае се во врска со фудбалот.

Мундијалот во Јужна Африка ни го донесе Закуми – леопард кој ја симболизира оваа држава и кој е обоен во две доминантни бои од нивното знаме. Закуми го доби името од кратенката ЗА, што на холандски јазик е кратенка за Јужна Африка и куми, што значи број десет на неколку африкански јазици. Тој имаше и свое мото кое гласеше: „Играта на Закуми е фер плеј“.

Маскотата за претстојното Светско првенство во Бразил ќе биде Фулеко. Фулеко е армадиљо, загрозен вид животно кое воглавно ја населува оваа држава и е еден од нејзините заштитни знаци. Името Фулеко е кованица од зборовите фудбал и екологија, со цел да им се зголеми свеста на луѓето за заштита на животната средина, бидејќи прашумите во Бразил секојднево се сечат.
Првото светско првенство кое имаше маскота, беше она во Англија во 1966 година. Маскотите секогаш претставувале спој помеѓу културата, традиционалн

Пронајдете не на следниве мрежи: