Погледнете ја новата карта на стереотипи

Оваа карта на светот ја изработи Мартин Варгиц, уметник кој цели четири месеци има работено на неа и кој се потруди да покаже повеќе од 1.800 стереотипи за државите и луѓето што живеат во нив.Картите на светот кои се засноваат на стереотипите секогаш се забавни, но вака детално политичка мапа, досега сигурно немате видено.
Таа ја прикажува Македонија како место за криминал и (богзнае што се случува таму), Србија како воена зона, Црна Гора како „ништо“, БиХ како подрачје на Алах, додека Албанија е покажана како земја на криминал и бандити.
Што се однесува на останатите земји, Романија како и на сите слични мапи е прикажана како земјата на Дракула, додека Русија е опишана како комунистичка држава.
Крим, кој неодамна се приклучи кон Русија е прикажан како Путинистан.
Кина е прикажана како голема фабрика, Австралија како земја на кенгури, додека главен синоним за Бразил е самбата.
Уметникот нагласи дека не се сложува со овие стереотипи и додаде дека многу од нив воглавно се во сопственост на многуте западњаци.
Според него и самата мапа е мапа на стереотипи, со оглед на тоа дека е базирана на убедувањата на одредени личности и начинот на кој што тие го гледаат светот.
Погледнете ја мапата во поголема резолуција и дознајте како се прикажани и останатите земји.
Кликнете ТУКАКартите на светот кои се засноваат на стереотипите секогаш се забавни, но вака детално политичка мапа, досега сигурно немате видено.
Таа ја

Пронајдете не на следниве мрежи: