Чудо во Турција: Откриено е нешто што би можело да ги смени нашите знаења за човековата цивилицација!

Мислевме дека го знаевме текот на човековата историја. Развојот на агрикултурата водел кон развојот на градовите, а потоа кон писменоста, уметноста и религијата. Но, едно откритие во Турција би можело да ги смени нашите мислења во однос на тоа што го знаеме за нашата цивилизација…Пронајден е најстариот храм на светот, кој е сличен на познатиот Стонхенџ во Велика Британија. Дали ова значи дека потребата за обожување сепак било она што го предизвикало развојот на цивилизацијата – се прашува авторот на National Geographic.
Дали откритието на еден рид во Турција ќе ни даде нов поглед на развојот на човековиот род?
Голем број туристи го посетуваат овој рид. Кога ќе се качат на неговиот врв и ќе го видат тоа што е за гледање, најчесто устите им остануваат отворени од чудење и восхитеност.
Пред нив беспрекорно се наредени камени столбови, кои се поставени во група кругови. Локацијата е позната како Губекли Тепе и потсетува на Стонхенџ. Само што датира од многу поодамна и тоа е фактот што истражувачите ги остава во чудо!
И не само тоа: столбовите се направени од добро обработен камен, на кој се наоѓаат барелјефи од животни – газели, змии, лисици, скорпии и диви свињи. Комплексот е изграден пред 11.600 години, седум милениуми пред Големата пирамида во Гиза. Очигледно е дека во Губекли Тепе се наоѓа во најстариот храм кој некогаш бил изграден од луѓето. Барем колку што знаеме, во времето кога беше поставена оваа структура, ништо слично не постоело на овој свет.

 
Кога сега се интерпретира човековата историја, за време на градењето на Губекли Тепе, луѓето живееле во мали номадски групи кои преживувале трагајќи по храна и ловејќи животни. Конструкцијата на ваков храм барала собирање на поголем број луѓе на едно место.
Фрапантно е тоа што луѓето во тоа време биле во состојба да исечат, обликуваат и транспортираат блокови камења кои тежат 16 тони и да ги постават на однапред смислен начин. Археолозите и другите експерти се` уште водат бројни расправи за значењето на ова откритие и неговата интерпретација. Пред само 20 години, голем број од научниците верувале дека знаат како се одиграла таканаречена „неолитска револуција“, која што имала клучна улога во понатамошниот развој на цивилизацијата. Но, темелите на сето тоа сега се разнишани.Пронајден е најстариот храм на светот, кој е сличен на познатиот Стонхенџ во Велика Британија. Дали ова значи дека потребата за обожување сепак бил

Пронајдете не на следниве мрежи: