Слушнете ја омилената класична музика на Филип К. Дик: Бесплатна музика во времетраење од 11 часа

Сте се запрашале ли каква музика слушал авторот на бест-селерите „Дали андроидите Сонуваат за Електронски Овци?“ и „Мрачно Скенирање“ додека поминувал низ инспиративниот мисловен процес додека ги творел своите дела?Одговорот е Моцарт, Бетовен, Малер, Вагнер и многу други композитори на класична музика. Да, така е. Додека со своето пишување временски се движи напред, Филип со музичкиот вкус оди наназад.
Љубовта кон музиката кај Дик излегла на површина кога тој, по матурирањето се вработил во продавница за плочи. Љубовта кон музиката му била толку силна, што дури од 14-годишна возраст можел да ги разликува делата при слушање.

Дик во своите книги цитирал многу дела на познатите класичари. Во прилог ви ја даваме неговата омилена листа на музички дела. За да се долови ефектот и поврзаноста на овие дела и писанијата на Дик, прочитајте некоја негова книга додека ја преслушувате оваа музика.
Листата ги вклучува „Голдберговите Варијации“ од Бах, “Миса на Осаменоста“ од Бетовен, „Волшебната Флејта“ од Моцарт, „Персивал“ од Вагнер, „2ра СИмфонија (Преродување)“ од Малер и многу други.
Одговорот е Моцарт, Бетовен, Малер, Вагнер и многу

Пронајдете не на следниве мрежи: