Запознајте го Италијанецот кој беше побрз од Гугл во бизнисот со интернет пребарувачи… И се откажа од тоа

Масимо Маркиори можеше да биде еден од најбогатите билионери во Силиконската долина, но тој се реши за професорско место на универзитетот во Падуа, италија, за плата од околу 3 000 долари месечно.Пред 17 години Масимо држел предавање за својот интернет пребарувач во Калифорнија, а во публиката седело едно момче кое го слушало со огромно внимание. Тоа момче беше Лери Пејџ, кој четири години потоа заедно со својот пријател Сергеј Брин, го ставаат Гугл во употреба.
Проектот на Маркиори се викал „Hyper Search“ и имал до тогаш невидено и недостигнато ниво на точност. Овој пребарувач се базирал на иновативен алгоритам за кој многу научници сметаат дека послужил како инспирација за системот на Гугл кој ги рангира пребарувањата на страниците според тоа колку линкови водат до нив. Пред изумот на Маркиори, алатките кои го средуваа хаосот од линкови на мрежата се класифицираа користејќи текстуални информации, а не мрежната структура.
Кога завршил со својата презентација, на Маркиори му пришол Пејџ, велејќи му дека предавањето му било мошне интересно. Тие потоа цел ден разговарале за развојот на мрежната технологија, и Пејџ рекол дека навистина би сакал идејата ан Маркиори да ја развие понатаму. И навистина, си го одржал зборот.

 
По презентацијата, Маркиори се вратил во Италија и побарал од универзитетот 20 000 евра за да отпочне со новиот проект, но тие одбиле да го финансираат, и парите биле наменети за некој проект за историјата на бакарната металургија во Италија. Во истиот момент, Пејџ го добил првиот чек од 100 000 долари од „Sun Microsystems“.
Маркиори барал истражувачка работа во Италија, но набргу се преселил во САД каде на институтот за технологија во Масачусетс 7 години работел со Тим Бернерс Ли, човекот кој ја измислил светската интернет мрежа.
Пред две години, Маркиори започнал со работа на нов пребарувач, Волуниа. Овој пребарувач би имал социјален карактер и преку него лесно би се споделувале интереси и анкети помеѓу луѓе од исти сфери. Резултатите од пребарувањата би се презентирале и со детализирани карти, нешто како во компјутерската игра Симс. На пример, најпребаруваниот поим би имал највисок облакодер на мапата. Така корисниците полесно би стигнале до потребните информации.
Волуниа доживеала неуспех откако недоразбирање помеѓу акционерите завршило на суд. Маркиори вели дека ги задржал авторските права над патентот и дека планира наскоро да го поврати изворниот код од еден ликвидатор во Милано.

 
Сега, на 44 години, Масимо Маркиори вели дека воопшто не му е љубоморен на Пејџ. Вели дека напротив, е среќен што има некаков придонес во раѓањето на Гугл и дека Пејџ и Брин имаат широки можности за претворање на една идеја во индустријализиран проект и да ги променат животите на луѓето.
Маркиори живее во стан во Венеција. Вози автомобил стар 11 години. Вели дека не му е битно каде живее се додека има интернет конекција и време да размислува.Пред 17 години Масимо држел предавање за својот интернет пребарувач во Калифорнија, а во публиката седело едно момче кое го слушало

Пронајдете не на следниве мрежи: