Видео: Во Аргентина пронајдени коски на најголемиот диносаурус на светот

Научниците пронашле повеќе од 200 коски од 7 диносауруси. Не пронашле коски од главата, вратот и опашот, но се надеваат дека можат да ги склопат за да го состават скелетот на најголемиот диносаурус во светот.Диносаурусот, кој научниците го нарекле Див, би бил висок колку зграда од 7 ката, долг 40 метри и тежок 77 тони, или колку 14 африкански слонови. Потекнува од фамилијата титаносауруси кои живееле на земјата пред 95 милиони години.
Ова револуционерно откритие би можело да го промени нашето сфаќање за животните кои некогаш чекореле по Земјата.

Титулата за најголем диносаурус во светот за сега се уште ја држи Аргентосаурусот, припадник на истата фамилија диносауруси, за кој се верува дека бил тежок околу 70 тони. Сепак, постојат верувања дека најтешкиот диносаурус кој постоел на Земјата тежел дури околу 220 тони.
Научниците се уште трагаат по коските од главата и опашот. Коските ги нашол некој фармер кој пред околу една година работел на својата земја и плугот му запнал кога стигнал до коските.
Диносаурусот, кој научниците го нарекле Див, би бил висок колку зграда од 7 ката, долг 40 метри и тежок 77 тони, или колку 14 африк

Пронајдете не на следниве мрежи: