Забележани се мистериозни кругови во Јадранското Море!

До брегот на подрачјето на островите Унија и Сусак беа забележани необични кругови.„Тие се подеднакво оддалечени од брегот, меѓусебно се оддалечени 300 метри и сите се со големина од 50 метри. Тоа веднаш ни стана интересно, но мислевме дека е грешка во аеро снимките, па решивме да одиме да нуркаме и дознавме дека линиите на круговите се толку совршени што изгледа како да се траги од вадење плута од шише вино“, се чуди биологот од здружението Сонце, Мосор Прван.
На еднаква оддалеченост од островот, од надворешната страна, кон отворено море, сместени се дури 28 кругови кои се втиснати помеѓу морските алги.  

 
„Првин помисливме дека можеби војската го направила тоа, или некој ловел со динамит, но во разговорите со колегите кои се експерти за експлозиви, рекоа дека круговите се толку совршени што е невозможно да настанале од динамит – посебно со пречник од 50 метри и тоа нешто повеќе од 20 метри под морето“, истакнува Прван.
Институтот за геофизика во Загреб не бил заинтересиран да ги истражува необичните кругови и сега се очекуваат научни истражувања од кои се очекуваат одговори на бројни прашања.
„Тие се подеднакво оддалечени од брегот, меѓусебно се оддалечени 300 метри и сите се со големина од 50 метри. Тоа веднаш ни стана интересно,

Пронајдете не на следниве мрежи: