Хрватските христијански здруженија повикаа на бојкот на новиот филм на Анџелина Џоли

Џоли се најде на мета на радикалните христијани поради контроверзниот изглед на лошата самовила која ја игра во филмот „Maleficent“.Филмот кој ја раскажува приказната за лошата самовила од приказната за Заспаната убавица наиде на отпор кај христијанските здруженија во Хрватска.
Тие ги повикаа луѓето да не го гледаат филмот во кино-салите, поради тоа што костимот на самовилата премногу потсетувал на демонот Бафомет, кој е заштитен знак на Сатанистичката црква. Наведоа дека со ваквите филмови, филмската индустирја се обидувала да ги пере мозоците на гледачите и да ги воведе во сатанизмот.

 
Исто така изразија носталгија по старите добри цртани филмови на дизни кои биле добри за децата.
Земајќи ја во предвид последнава изјава, навистина е занимливо како ликот на лошата самовила дури сега почна да им пречи на христијаните, а не уште пред 55 години, кога е направен дизниевиот цртан филм за Заспаната убавица, каде лошата самовила е нацртана во речиси идентитчен костим на оној на Анџелина Џоли во филмот?
Филмот кој ја раскажува приказната за лошата самовила од приказната за Заспаната убавица наиде на отпор кај христијанските здруженија во Хрватска.

Пронајдете не на следниве мрежи: