Победата на Кончита на Евровизија им влева надеж на Реал и Атлетико мадрид, како и на Англиската фудбалска репрезентација

Поизненадувачки факто од самата појава на Кончита Вурст е тоа што Австрија победи на Евровизија, дури 48 години по нивната прва победа.Фудбалските клубови Реал и Атлетико Мадрид, како и Англиската национална репрезентација гледаат надеж за нивни триумфи на терените во победата на Австрија на Евровизија.
Во далечната 1966 година Австрија прв пат победи на Евровизија, додека пак Англија ја освои својата прва и за сега единствена титула на светското првенство во фудбал. Истата година Атлетико Мадрид стана првак на Шпанија во фудбал, додека пак Реал Мадрид се заќити со европската фудбалска титула таа година.

 
Овие два клуба и овој национален тим сега во победата на Кончита Вурст видоа знак дека историјата може да се повтори. Атлетико Мадрид треба само да не загуби од Барселона за да стане првак на Шпанија, Реал Мадрид се пласира во лигата на шампионите која допрва треба да се игра, додека пак на Англичаните летово им претстои уште едно светско првенство во фудбал.
Првите две задачи делуваат прилично изводливо, додека пак Англичаните се чини дека ќе треба малку да се помачат. Можеби сите треба да и се обрата на Кончита Вурст за совет?Фудбалските клубови Реал и Атлетико Мадрид, како и Англиската национална репрезентација гледаат надеж за нивни триумфи на терените

Пронајдете не на следниве мрежи: