Празнични обичаи во македонските села

Освен селските слави, скоро за сите села значајни се празниците: Божиќ, Свети Јован и Велигден.На Бадник се организира посебна вечера во секое семејство и таа вечер не се оди по други куќи. Се меси погача во која се става пара, која со кршење се дели на сите членови на семејството. Се вари грав и оризник, а во некои семејства се толчи и лук со ореви. Се дели овошје за членовите на семејството: јаболка, круши, костени, ореви, може и по некоја смоква. Пред вечерата домаќинот им прави метание на воловите, a потоа пали свеќи и им ги става на десниот рог, чекајќи да догорат за да не се запали сламата.
На Бадник задолжително се вари пифтија. Утрото на Божиќ се оди на трлата пред осамнување и се чека жена да фрли слама во огнот. Исто така, се посакува во секоја куќа прво да влезе женско лице без викање и да стави слама во огнот и да благослови: – Како што се сили огнот така да се силат луѓето, да се раѓаат женски јагниња и јариња, машки дечиња и телиња. Потоа се кани на појадок. Понуденото јадење не смее да се одбие, затоа овците нема да си ги сакаат јагнињата.

Наредното утро рано се оди во црква. Околу ручек жените одат во црква за да раздаваат за душа.
Свети Јован е највесел празник и секој сака да биде дома, па сточарите се заменувале за да можат да присуствуваат на обредите. Првиот ден се оди рано во црквата, се симнуваат Светците, се вртат трипати околу црква, па се носат на реката и се фрла крстот во вода. Потоа луѓето си земаат крстена вода, некои натопуваат ржање за пчелите и си одат дома, а оние што ги носат светците минуваат низ селските улички и земаат блага и топла ракија. Луѓето потоа се враќаат во црквата да ги наместат иконите и си одат дома. Околу 12 часот и мажите и жените одат на ручек во црквата.
Велигден е познат празник и како „плачко“, бидејќи на тој ден секој сака да биде убаво облечен, да има нови чевли, капа, а секој не е во состојба да се облече така. На Велигден се носат најубавите облеки и најмногу се игра оро.
На Бадник се организира посебна вечера во секое семејство и таа вечер не се оди по други куќи. Се меси погача во која се става пара, која со кршење

Пронајдете не на следниве мрежи: