Пронајдени се остатоци од бродот Санта Марија на Кристофер Колумбо

Повеќе од 500 години откако Санта Марија – командниот брод на Кристофер Колумбо се удри на една карипска карпа, археолозите мислат дека пронајдоа нејзин дел на дното на морето, северно од брегот на Хаити, известува британскиот Индипендент.„Сите географски, подводни топографски и археолошки докази уверливо укажуваат дека тоа е дел од славниот брод на Кристофер Колумбо“, изјави водачот на археолошката експедиција Бари Клифорд, кој е еден од најпознатите американски подводни археолози.
Ако неговите тврдења се покажат како точни, тоа ќе биде едно од најважните подводни археолошки откритија во историјата.
Санта Марија, кој беше најголемиот и команден брод на експедицијата, на Божиќ 1492 година удри во гребен северно од брегот на Хаити и посадата беше приморана да го напушти бродот. Во едно околно село, Колумбо и неговата посада изградија мало утврдување од кое 7 дена подоцна со преостанатите два брода се упатиле назад кон Шпанија за да ги известат своите покровители (кралот Фердинанд и кралицата Елизабета) за новооткриениот западен пат кон Индија.
За локацијата на бродоломот на Санта Марија оттогаш ништо не се знаеше. Клифордовата идентификација на Санта Марија беше потпомогната од некои поранешни откритија. Во 2003 година, група археолози ја пронашле најверојатната локација на утврдувањето на Колумбо, што на Кллифорд му овозможи да го одреди местото на бродоломот.„Сите географски, подводни топографски и археолошки докази уверливо укажуваат дека тоа е дел од славниот брод на Кристофер Колумбо“, из

Пронајдете не на следниве мрежи: