Еве зошто музичките фајлови треба да ги конвертирате со фрекфенција од 432 херци

Тесла ја поставил, а Ајнштајн се согласил со теоријата дека во нашето тело имаме енергии кои резонираат на различни фрекфенции. Оттука прашањето дали слушањето музика влијае на тие фрекфенции? Одговорот е потврден: Музиката навистина влијае на нашата енергија.Новата науча гранка наречена киматика ни покажува дека кога звучните бранови резонираат преку некој медиум, на пример, вода, воздух или пак песок, тие директно влијаат на вибрациите на истите.
Сите си имаме сопствена фрекфенција на која нашата енергија резонира, а на тоа можеме и да го додадеме фактот дека нашето тело се состои од дури 70% вода. Затоа различни фрекфенции на звуци различно влијаат на нашата енергија, па и на нашата општа психофизичка состојба.

Затоа ќе се задржиме на маузиката која ја слушаме, особено на нејзината фрекфенција. Од 1953 година е воспоставен интернационален стандард дека секое музичко дело кое излегува од продукција мора да е снимено на фрекфенција од 440 херци. Но, денес научниците дојдоа до откритие кое вели дека оваа фрекфенција не е во хармонија со природните фрекфенции како и со оние во универзумот. По многу долги истражувања, дојдено е до заклучок дека идеалната фрекфенција на која звучните бранови од музиката треба да резонираат е 432 херци.
Се тврди дека фрекфенцијата од 432 херци и математички најкомпактна и најскладна со останатите фрекфенции во универзумот. Истражувањата покажуваат дека оваа фрекфенција буквално хармонски ги соединува пропорциите на просторот, времето, гравитацијата, магнетизмот и материјата со оние на ДНК кодовите, биологијата и свесноста. Исто така, редоследот на цифрите во бројот 432 алудира на подредувањата на Сонцето, Земјата и Месечината, како и прецизноста со која пирамидите во Гиза, Стоунхенџ во Англија и Шри Јантра во Индија помагаат во пресметувањето на рамнодениците во годината.
Д-р Масару Емото направил еден експеримент каде вода во фаза на кристализација ја изложувал на звучни бранови од дела на Моцарт и Џон Ленон, но и на убав и лошо зборување, па и на молитви.

 
Да се фокусираме на музиката. Љубителите на музика потврдуваат дека кога слушаат музика на 432 херци не само што им е поудобно на ушите, туку успеваат да ја почувствуваат музиката со целото тело и како што велат, да почувствуваат пријатни вибрации во главата, ’рбетот и срцето.
На видеото подолу можете да чуете една иста мелодија отсвирена на фрекфенција од 440 и од 432 херци. Проценете сами која фрекфенција ви е поудобна.
Новата науча гранка наречена киматика ни покажува дека кога звучните бранови резонираат преку некој медиум, на пример, вода, воздух или пак песок,

Пронајдете не на следниве мрежи: