10 генијалци од историјата за кои не сте слушнале!

Голем дел од генијалците и важните луѓе што живееле во светот и оставиле трага во историјата се добро познати и до денеска се предмет восхит или пак проучување на нивните дела. Но, има и такви луѓе кои иако имаат големи заслуги или пак оствариле неверојатни потфати, останале непознати за поголемиот дел од луѓето.Прочитајте кои се 10-те луѓе за кои не сте слушнале, а ја смениле историјата.
1. Џозеф Листер е британски хирург кој живеел и работел во 19 век. Благодарение на него, денеска луѓето не умираат во операционите сали заради банални причини. Тој е човекот што во лекарската професија го вовел миењето на рацете пред операција, носењето на стерилизирана облека, користењето стерилизирани инструменти и дезинфицирањето на раните.
2. Мери Андресон во 1903 година ги создала бришачите за автомобили откако го забележала тој недостаток во дизајнот на тогашните модели. Автомобилската индустрија го одбила нејзиниот изум, а го имплементирале дури откако истекол нејзиниот 17-годишен патент.
3. Ненси Вака е позната како Белиот глушец и е најодликуваната жена во Втората светска војна од страната на сојузниците. Била најбараната личност на Гестапо, а успеала да спаси повеќе од 1.000 затвореници од Франција и да ги пренесе во Шпанија. Таа повела дури 7.000 трупи во герилски битки, а легендата вели дека убивала непријатели со голи раце.
4. Хедер Мекеј е австралиска натпреварувачка во сквош која дури 19 години од 1962 до 1981 година немала ниту еден пораз. Таа и денеска го држи рекордот за најдолга победничка низа во професионалниот спорт.
5. Хенри Коанда бил романски изумител кој го дизајнирал, изградил и управувал со првиот млазен авион уште во 1910 година.

 
6. Леонардо Торес Квеведо е шпански инженер и иноватор кому му се препишуваат голем број изуми меѓу кои и првата компјутерска игра El Ajedrecista.
7. Сер Џон Харингтон бил иноватор, уметник и преведувач. Неговата заслуга е создавањето на првата WC шолја низ која можело да се пушти вода.
8. Жорж Мелијес во 1897 година го режирал филмот After the Ball во кој е снимена првата сцена со голо тело. Покрај  ова тој е автор на многу иновации во филмската уметност.
9. Аристарх од Самоса е старогрчки астроном и математичар, кој е првиот човек што ја застапувал теоријата дека Сонцето е центарот околу кој се вртат планетите и создал точен модел на Сончевиот систем. Неговата теорија била отфрлена во корист на оние на Аристотел и Птоломеј. дури 1800 години подоцна, истата теорија успешно ја пласирал Никола Коперник.
10. Хелен Холмс била прва филмска акциона хероина. Како 20 годишна актерка, снимила 46 краткометражни филмови насловени The hazards of Helen, во која самата со голи раце совладувала ограбувачи на возови, скокала по вагони и со возејќи мотор скокнала од мост во река. Можеби според денешни стандарди ова не е ништо, но во времето кога живеела, тоа биле вистински атрактивни и опасни потези.Прочитајте кои се 10-те луѓе за кои не сте слушнале, а ја смениле историјата.
1. Џозеф Листер е британски хирург кој живеел и работел во 19

Пронајдете не на следниве мрежи: