Селекторот на репрезентацијата на Италија, Џампиеро Вентура, по минималната победа од 3:2 над Македонија изјави ги очекувал трите бода од овој дуел, иако потешко од очекувањата „азурите“дојдоа до победа, со погодокот на Чиро Имобиле во истекот на деведесетата минута.Но, според тренерот на Италија, Македонија не е репер да се победи, а трите бода биле очекувани во овој дуел со „црвено – жолтите“
-Имавме неколку грешки во дуелот со Македонија, по кои постигнаа два погодока и поведоа. Имаме доста млад состав и се надевам дека во иднина ќе мораме да ги намалиме грешките. Победата против Македонија не е голема, пред се поради што моравме да славиме на овој дуел, иако потешко од очекувањата дојдовме до трите бода. Кондицијата одигра главна улога на овој дуел. Бернандески одигра одлично, како и Верати, по што на добар пат сме да ги усогласиме овие два фудбалери и во наредните натпревари сакам да се потпираме на нивната игра во средината. Се уште не сме вооиграни, сметам дека овие трансформации во формацијата ќе носат големи победи во иднина. Среќата не е важна во фудбалот, туку ние со напорна работа ни ги земавме трите бода од овој дуел, изјави Вентура.Но, според тренерот на Италија, Македонија не е репер да се победи, а трите бода биле очекувани во овој дуел со „црвено – жолтите&ldquo