„Jingle Bells“ нема никаква поврзаност со Божиќ!

Една од омилените празнични песни секако е „Jingle Bells“, незваничната божиќна химна која доживеала верзии на многу светски јазици.Два интересни факти се посебно поврзани за неа… Како прво секоја држава на светот има своја верзија, а како второ песната воопшто не била предвидена за божиќните празници, пренесува порталот Музика.хр
Ја напишал свештеникот Џејмс Лорд Пјерпонт инспириран од трките со коњи кои влечеле санки секоја година во Медфорд, во државата Масачусетс.
Оригиналот на песната се викала „One Horse Open Sleigh“ и требало да излезе за американскиот Ден на Благодарноста. Мелодијата и текстот се разликуваат од верзијата која е популарна денес.
Секако, видеото може само приближно да го опише звукот  на оригиналот бидејќи сеуште не се дигитализирани првите снимки.
А како оваа песна успеала да се поврзе со прославата за раѓањето на Исус Христос? Навистина едноставно… За денот на благодарноста оваа песна била толку популарна  па луѓето решиле да продолжат да ја пеат и за Божиќ.
Да се наброи кој се ја има снимено верзијата на оваа песна би била невозможна мисија. Се работи за преку 100 изведувачи!
Два интересни факти се посебно поврзани за неа… Како прво секоја држава на светот има своја верзија, а како второ песната воопшто не била предвид

Пронајдете не на следниве мрежи: