Масаи народ: Сексот им е многу едноставен – нема бакнување, нема галење, нема допирање

Племето Масаи е полу-номадски народ, верен на својата традиција. Ако во местото на живеење се случат големи несреќи, тие се селат од таму, дури и кога живеат во поголемите градови. Мажите Масаи се сметаат себеси за воини. Носат долго копје и долга коса што ја фарбаат црвена. На свечености, се мачкаат по лицето со црвени бои. Жените сосема спротивно од нив, ја бричат главата, и воопшто немаат коса. Мажите изработуваат накит од монистри и се китат со него.Во денешни времиња – го продаваат накитот на туристи во големите центри. Исто така од туристите наплаќаат ако бидат фотографирани. Не им е дозволен пристап во најголемиот број хотели и ресторани доколку се облечени во својата традиционална `облека`, освен ако имаат договорен настап како шоу. Останатите домородни племиња не ги сакаат луѓето од племето Масаи, ги сметаат за нецивилизирани, но за туристите најчесто се атракција.
Мал број од народот Масаи се школувани, и најчесто школуваните не остануваат во Масаи заедницата, туку си ја бараат среќата на друго место. Живеат во мали колиби, толку ниски што во нив не можеш да стоиш исправен. Најчесто се сточари, и главно јадење им е месото од закланите животни.
Традиција е да ја пијат крвта на животното што го заклале, и традицијата налага мажите и жените да не јадат заедно. Жените не смеат дури ни да ја допрат храната која треба да ја јаде Масаи воинот, и единствено нешто што жената може да го направи за својот сопруг е да му свари чај. А чај пијат често, како замена за оброци, бидејќи јадат месо еднаш на неколку дена. Се смета за културно да го примат во колибата на спиење и јадење било кој Масаи патник, но само ако е на слична возраст како мажот што живее во таа колиба.
Натаму традицијата налага Масаи воинот да има многу деца, но не мора да се од иста жена. Кај нив преовладува полигамијата. Се женат според своите, а не според државните правила, и најчесто немаат никакви документи. Женските деца ги мажат рано, најчесто ги даваат како втора, трета или четврта жена на некој многу постар од неа Масаи воин. За мажите важи правилото – првото свое дете и го дава на својата мајка, кое треба да и служи како слуга (значи детето живее со својата баба, а не со својата мајка).

Сексот им е многу едноставен – нема бакнување, нема галење, нема допирање. Забрането е. (Се распрашував овде, ама никој не знае да го потврди тој податок, дознав само дека денес Масаи воините се познати како машки проститутки.) Исто така е забрането жената да го праша мажот каде бил, кога овој ќе се врати по неколку дена од некаде. Забрането е да му се лути или да го повиши тонот кога разговара со него. А кажав ли дека на девојката и го сечат клиторисот неколку дена пред свадбата?
За think.mk: Снежата Штрковска, живее во Скопје каде што и предава македонски јазик и литература. Во 1991 година дипломира на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, 1996/97 ги завршува првите три модули на факултетот за астролошки студии во Лондон, дописно. 2004 година специјализира проучување на транзитетите на Плутон, 2011 година – проучување на гранката хорарна астрологија. Во 2011/12 повторно студент на Факултетот за астролошки студии во Лондон, дописно, модул 4. Во меѓувреме е блогер и администратор на википедија на македонски јазик.
Преземено од: Think.mkВо денешни времиња – го продаваат накитот на туристи во големите центри. Исто така од туристите наплаќаат ако бидат фотографирани. Не им е до

Пронајдете не на следниве мрежи: