Десет нешта кои ги прават богатите, но не и сиромашните!

А вие?1. Не покажуваат чувства!
Само 11,6 проценти од богатите во јавноста откриле за што размислуваат, додека истото го направиле дури 69 проценти од сиромашните. Значи не кажувајте се` што мислите и не раскажувајте се` што ви се случило!

2. Јадат квалитетно.
Околу 70% од богатите јадат околу 300 или помалку калории од нездрава храна дневно. Од друг страна, дури 97 проценти од сиромашните јадат повеќе од 300 калории нездрава храна дневно.

3. Си поставуваат цели
Осумдесет проценти од богатите поставуваат цели и се трудат да ги остварат истите, за разлика од 12 проценти од сиромашните. Богатите ги пишуваат своите цели, а сиромашните не, сиромашните дури не прават разлика помеѓу желби и цели.

4. Внимаваат на линијата
Дури 75% од богатите редовно спортуваат, наспроти 23% од сиромашните.

 5. Ги запишуваат своите обврски
Многу е важен фактот што дури 81% од богатите ги запишуваат своите обврски и прават листи за нив, додека од друга страна, тоа го прават само 19% од сиромашните.

6. Богатите читаат.
Скоро 90% од богатите луѓе постојано читаат и тоа најмалку 30 минути дневно, додека ова го прават само 2% од сиромашните.

7. Ги оддржуваат своите контакти
Интересно е тоа што богатите ги одржуваат своите контакти со семејството и пријателите, и тоа многу редовно. Така што дури 80% од богатите секојдневно комуницираат со роднините и пријателите, додека тоа го прават само 11% од сиромашните.

8. Богатите штедат
Да, ова можеби не сте го знаеле како факт, ама богатите многу повеќе штедат од сирмашните, тие можеби повеќе трошат, но ако ги пресметаме процентите на заштедените пари од платата и оние потрошените, сирмашните дефиниттивно се најголеми трошачи. Сите богати буквално секогаш оставаат 10 или 20 проценти од платата на страна и тие пари никогаш нема да ги допрат, по никоја цена.

9. Богатите не гледаат телевизија
Луѓето кои добро заработуваат не гледаат телевизија, а посебно не реалити шоуа. Точно 5% од богатите гледаат телевизија и обично се тоа документарни програми, додека дури 78% од сиромашните страстно гледаат телевизија и тоа се најчесто реалити програми и сите сапунести серии и емисии кои може да ги замислите. А не е тешко, во Македонија ги има во изобилство.

10. Богатите никогаш не се кладат
Не, тие не се кладат или коцкаат ама буквално никогаш во животот и ова е една од клучните и можеби најголемата разлика меѓу богатите и сиромашните.

Извор: Think.mk1. Не покажуваат чувства!
Само 11,6 проценти од богатите во јавноста откриле за што размислуваат, додека истото го направи

Пронајдете не на следниве мрежи: