Таа пред речиси 13 години започнала да ги пушта ноктите поради превенција од нивно грицкање, а денес кон нив се однесува како да се нејзини деца.Мајката на четири деца и баба на осум внуци признава дека потрошила 10.000 долари за нејзините 35-санитиметарски нокти да имаат совршен сјај.
Лари Драмонт некогаш страдала од опсесивно грицкање на ноктите, а денес објаснува дека ноктите и се како деца.
Понекогаш поминува и по 12 часа на нивно средување.
Иако е свесна дека со својата појава ги шокира сите, сепак нејзината единствена желба е да има се подолги нокти.
-Сакам да се грижам за нив. Знам дека со тие пари можев да си купам нов автомобил, но јас токму за ноктите сакам да ги трошам своите пари-вели таа. Мајката на четири деца и баба на осум внуци признава дека потрошила 10.000 долари за нејзините 35-санитиметарски нокти да имаат совршен сјај.