Дали и ние живееме во Матрикс?

Токму како и во „Mатриксот“, можеби и ние живееме во симулација создадена од моќен компјутер, тврди ново истражување.Идејата за матриксот можеби не е дело на научната фантастика, туку претставува нашата реалност. Според „Дискавер“, физичарите може да создадат начин на кој ќе откриеме дали живееме во наш виртуелен матрикс, и тоа преку истражување на радијацијата од вселената.
Козмичките зраци се најбрзите честички кои постојат во далечните галаксии. Тие секогаш стигнуваат на Земјата со одредена максимална енергија од 10 на 20 електронволти. Тоа покажува дека енергетските нивоа се дефинирани и одредени од надворешна сила.
Затоа, според истражување, доколку енергетските нивоа на честичките може да бидат симулирани, така може да биде симулиран и целиот универзум.
Тестот за козмичките зраци бил развиен од Силас Бин, нуклеарен физичар од универзитетот на Вашингтон. Тој тест треба да го одговори прашањето кое првпат било поставено во 2003: Дали живееме во симулација?
Но, Бин посочи дека симулаторите кои го контролираат универзумот може самите да бидат симулации – нешто како ефектот „сон во сон“. Доколку навистина се наоѓаме во симулација, вели тој, тогаш она што го мериме не се законите на природата, туку се некаков обид на вештачки закон на кој се сетиле симулаторите.
think.mkИдејата за матриксот можеби не е дело на научната фантастика, туку претставува нашата реалност. Според „Дискавер“, физичарите може да с

Пронајдете не на следниве мрежи: