Зошто НАСА во 1991 лансирала медузи во вселената?!

Дали сте знаеле дека и медузите имале прилика да се прошетаат во вселената? Во деведесетите години на минатиот век NASA започна со експерименти за кои им помогнаа медузите.Во текот на првата мисија SLS-1 (Spacelab Life Sciences) врзани за опстанокот на животот во вселената во 1991-ва година NASA започна со спроведување на експерименти под името Ефекти на микрогравитациска бестежинска состојба на диференцијација и статолитна синтеза на Aurelia Ephyra.
За да успеат ова да го реализираат, вселенскиот шатл Колумбиа со себе понел 2.478 полипи медузи во вештачка морска вода.Во текот на мисијата, медузите продолжиле да се размножуваат, па така, 60.000 медузи кружеле околу Земјата.

NASA потоа посака да дознае како медузите ќе се однесуваат ако се вратат на планетата Земја. Според истражувањето објавено во списанието Advances in Space Research, медузите не биле способни да ја почувствуваат гравитацијата, на ист начин како и оние кои израснале на нашата планета а потоа биле однесени во вселената.Исто така, нивните моторички функции биле значајно поинакви на Земјата, за разлика во условите на микрогравитација. Тоа значи дека такви услови не се погодни ниту за развој на ‘рбетници (па ни човекот) кои исто така зависат од гравитација.Извор: Think.mkВо текот на првата мисија SLS-1 (Spacelab Life Sciences) врзани за опстанокот на животот во вселената во 1991-ва годин

Пронајдете не на следниве мрежи: