Видео: Островот кој убива луѓе!

Островот Џаиола се наоѓа во близина на Неапол, а освен што е познат по тоа дека е посетен од голем број туристи поради необичниот облик, за него се врзува и една урбана легенда. Според легендата, островот е проколнат бидеќи на секој негов сопственик му се случила некаква трагедија или набрзо после купувањето на Џаиола тие умирале.
Првата смрт се случи во 1920 година, кога почина Ханс Браун. Тој островот го купи непосредно пред неговата смрт, а неговото тело беше пронајдено завиткано во тепих, додека неколку месеци подоцна, неговата сопруга се удави. Нивната смрт никогаш не беше разрешена.Следен сопственик беше германскиот претприемач Ото Грунбак, кој почина од срцев удар за време на престојот во вилата. Ништо подобра и поголема среќа немаа ни неговите наследници во сопственоста на островот, како Морис-Ив Сандоз или баронотПол Лангхејм. Првиот изврши самоубиство во една швајцарска психијатарска болница, додека другиот доживеа голема економска пропаст.

Сопственик на Џаиола беше и богаташот Пол Гети кому, во 1973 година, му беше киднапиран внукот и му беше отсечено увото. Островот пред четири години повторно се најде во медиумите кога беа убиени Франко Амброзио и неговата сопруга Џована Сако, сопственици на вила во близина на Џаиола.Островот денес се наоѓа во сопственост на областа Кампанија, а поради овие приказни и урбани легенди, тој е ненаселен, додека вилата на него е напуштена.
Според легендата, островот е проколнат бидеќи на секој негов сопственик му се случила некаква трагедија или набрзо после купувањето на Џаиола тие у

Пронајдете не на следниве мрежи: