Научниците составија „геј тест“-вака тој би изгледал!

Неколку земји од Блискиот Исток неодамна ја објавиле својата намера сите свои посетители да ги подложат на т.н. „геј тест“, кој се прави со посебни уреди и кој ќе ги открие пред да влезат во земјата.Ова е сосема нормална реакција на земји како Бахреин, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија каде хомосексуалноста се казнува со смрт. Но како би изгледало ваквото тестирање? Веројатно ваквиот тест бил опфатил три најважни сегменти: физиолошки потреби, однесување и психолошки карактеристики. Физиолошки тест Овој тест би требало да има за задача да го открие „геј генот“во крвта, кожата, пункт или лицето. Иако овој ген се уште не е официјално пронајден, луѓето од ЛГБТ заедницата веруваат дека има таков генетски фактор кој ја одредува сексуалната ориентација. Според некои тој може да се утврди и со едноставно испитување на хормоните за време на феталниот развој на едно бебе во матката. Но постојат и други значајни физиолошки разлики меѓу геј и стрејт луѓето. Геј мажите и жените имаат за 50% поголеми шанси да бидат левучари, да пишуваат со двете раце или да имаат различна симетрија на лицето. Тие дури имаат различно развиени мозочни области. Поради ова се шпекулира дека Кувајт планира да забрани влез на сите левучари во земјата. Тест на однесување Гостите на Блискиот Исток сигурно ќе се тестираат за тоа какви се нивните ставови за облеката, дали носат модни додатоци, дали знаат да прават модни комбинации. Тоа совршено се спојува со навиката на Саудиска Арабија да ги депортира сите мажи за кои смета дека се „премногу убави“. Психолошки геј тест Со овие тестови на сите „сомнителни патници“ ќе им се следат потсвесните реакции кога одговараат на некое прашање кое е поврзано со сексуалната ориентација. Најверојатно ќе им биде покажана само една слика и ќе им биде поставено само едно прашање. Земјите мудро молчат на прашањата како изгледа овој тест па медиумите шпекулираат дека истиот е само шпекулација која треба да ги одврати хомосексуалците од помислата да ги посетат овие земји. Онлајн магазин “Револуција”Ова е сосема нормална реакција на земји како Бахреин, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија каде хомосексуалноста се казнува со смрт. Но како би

Пронајдете не на следниве мрежи: