Во зависност од тоа што сонувате-може да открите дали сте заболени од некоја болест

Соновите често се многу фасцинантни и интригантни, а експертите велат дека одамна веруваат дека соновите имаат некое подлабоко значење. Најновите податоци покажуваат дека соновите имаат важни информации за нашето здравје- па дури може и неколку години порано да ве предупредат на некоја болест, пред да се појават физички симптоми.
Зошто точно сонуваме ги интересира сите научници. Голем број од нас во текот на ноќта сонуваат помеѓу четири и шест соништа, а соновите ги помниме две до три недели. Кога се будиме во среде сон тогаш го помниме, а ако продолжиме да спиеме и откако сонот ќе заврши тогаш го забораваме.
Жените повеќе го помнат соновите од мажите.
Не сонуваме цела ноќ туку само во РЕМ фазата.
Но… што соништата откриваат за нашето здравје?
Ноќни кошмари
Можно предупредување:  болести на срцето, мигрена и ненаспаност.
Лошите соништа може да бидат поврзани со слабо срце. Луѓето кои патат од неправилна работа на срцето имаат три пати поголеми шанси да имаат ноќни кошмари. Исто така овие луѓе имаат проблеми со дишењето.
Кошмарите може да укажуваат и на јака мигрена. Болни главоболки може да се јават во текот на ноќта а пред тоа се можни лоши соништа.
Но, кошмарите може да предупредуваат и на константна ненаспаност и исцрпеност.

 
Сонувате повеќе од вообичаеното
Предупредувања: Во текот на ноќта ви е претопло или преладно, хормони, хронични болести…
Доколку не ви е пријатно во собата каде што спиете тоа допринесува за многу соништа.
Исто така и нивото на хормоните влијае на сонот, особено кај жените.
Но, и неколку ноќи лош сон исто така може да доведе до повеќе сонови. Доколку имате неколку ноќи со малку сон, тоа ќе ви се врати со неколку ноќи преполни со соништа.
Но, можно е повеќе да сонувате доколку сте земале антидепресиви а во моментот сте престанале да ги користите.
Сонувате дека сте нападнати
Предупредувања: Алцхајмерова болест и Паркинсова болест
Сонувате дека сте нападнати или пак слични стресни соништа- тоа може да укажува токму на овие две болести. Ова важи и за луѓето кои често се превртуваат во сон. Имено, станува збор за пореметување кое се нарекува порметување на РЕМ фазата на сонот.

 
Соништа кои успеваат да ве разбудат!
Предупредувања: конзумирате масни јадења, прекумерна телесна тежина, стрес и депресија
Тешките и масни оброци долго се задржуваат во организмот.Луѓето кои преферираат ваква храна, вообичаено многу сонуваат уште во првите часови од ноќта. Соништата успеваат да ги разбудат.
Личностите кои се депресивни или под силен стрес исто така стануваат во текот на ноќта.
Бизарни соништа
Предупредувања: Алкохол, инфекции, таблети против маларија и менопауза
Пиењето алколол во доцните часови предизвикува бизарни соништа.
Исто така кога телото се бори со инфекции  може да сонувате многу бизарни соништа.
Но, и кога земате одредени таблети како оние за маларија или пак таблети кои се пијат во менопауза тоа се одразува на соништата.
Сексуални соништа
Предупредување: зголемена креативност
Нормални се овие соништа во секоја доба, но нивниот број расне кога старееме. Најчесто ги имаат лицата кои имаат околу 60-години. Па доколку имате вакви соништа- треба да си најдете хоби зошто имате зголемена креативност.Најновите податоци покажуваат дека соновите имаат важни информации за нашето здравје- па дури може и неколку години порано да ве предупредат на нек

Пронајдете не на следниве мрежи: