Научете како да им ги читатате мислите на другите луѓе!

Кратко научно објаснување кое ги разоткрива мистериите, навистина дејствува охрабрувачки и дава надеж дека воопшто не е тешко да се проникне во вештина на читање на мислите. Сепак дали е баш така? Бидејќи малку се врвни, вистински „читачи” во светот.
Иако се изгледа лесно и едноставно во работата на овие стручњаци, сепак за успешно совладување на читање  мисли потребни се многу години учење и работа.   Деведесет проценти  од вештината се базира на психологија, а да се изучи наука за законитостите и развој на  душевниот живот на човекот, особините на неговите црти на личноста, однесувања и доживувањата на сеќавања не е воопшто лесно.
Преостанатите десет проценти  отпаѓаат на запазување на движења на  секој дел од телото, промена на боја на гласот, брзина на дишењето, погледот на очите. Иако и процентуално и биолошки тоа изгледа безначајно, бидејќи способност за набљудување има секој човек-значи, развиеноста на сетилата за слух и вид (способност за набљудување) мора да бидат посебно изострени. За да се поедностави, може да се спореди со способноста на мајката која точно знае што се случува со нејзиното бебе. Доволно е да го слушне гласот на своето бебе или да го види и веднаш ќе знае дали е бебето гладно, уморно, има грчеви, дали му е ладно, дали е мокро или  исплашено. На нејзини непогрешиви проценки влијаат само за неа “видливи” знаци- разлика во јачина и боја на гласот на бебето кое плаче, гримасите на неговото лице, движењето на телото, а некои општи показатели како што е времето кога детето јадело, кога е пресоблечено, неговата здравствена состојба, температура на воздухот. 

Со тек на времето мајката престанува да се потпираат на таа своја способност, детето почнува со говор да ги изразува своите чувства и потреби, така сетилата на мајката природно ослабуваат.
За „читачите” на мисли нема одмор. Тие непрекинато требаат да ги вежбаат своите умови. Добро да го запазуваат секое движење на секој мускул на лицето, скоро и незабележливо движење на телото, раката, ногата, на прстите, свртување на погледот, трепкање, промена на гласот, но и да ја памтат која реакција со што била испровоцирала. А сите тие промени настануваат и се губат со голема брзина, во просек највеќе за три секунди. Само јаките чувства се “обликуваат” нешто подолго и највидливи се на лицето. Гнев се изразува со стегање на усните, свиткување на вегите, подигање на очните капаци. Ставот го обележува подигање на горните очни капаци, вкочанет поглед, одвоени веѓи и раширени ноздрви.
А совладување на непознатото во човечката душа, кое го предочува психологијата и добро увежбаното уочување на сите појави кои ги пратат настаните во главата, се основен услов за развивање на постапките како некому стварно би се ”ѕирнало” во мислите  за да се дознае некажаното.
Извор: iluzionist.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: